ТУРСКАТА АРМИЈА И СИРИСКАТА ОПОЗИЦИЈА НАВЛЕГУВААТ ВО СИРИЈА „НАБРЗО“
Помошникот на турскиот претседател денеска најави дека Турција „набрзо“ ќе почне офанзива во Сирија и заедно со Слободната сириска армија ќе ја преминат сириската граница, по неодамнешната ненадејна изјава на Вашингтон за повлекување на американските силли од сириски подрачја во близина на турската граница.
Фахретин Алтун во твит нагласува дека курдските борци би можеле да се повлечат или Анкара ќе ги „спречи да се мешаат“ во борбата на Турција против ИД.
„Турската армија гранатираше наши позиции на границите“, велат од Сириските демократски сили што се под команда на курдскитре Единици за народна одбрана означувајќи во твитот клучниот пограничен град Рас ал-Аин. „Нема повредени на нашите сили. Не одговоривме на овој непровоциран напад. Ние сме подготвени да ги браниме луѓето и жителите на североисточна Сирија “, додаваат тие.
Рас ал-Аин е едно од местата каде американските сили се повлекоа во понеделникот.
Во реонот на пограничниот град Акчакале што се наоѓа спроти сирискиот град Тал Абијад очевидец наведува дека видел оклопни вопзила и ровови од турската страна на границата и насочени кон Сирија. На околу 60 км на запад се распоредени артилерија и војници недалеку од воен камп. Мустафа Бали од курдските Сириски демократски сили изјави дека трупањето воени сили на Турција како и информацијата за дополнителна мобилизација на поддржаните од Анкара сириски бунтовници, означува дека „нападот е неминовен“.
Курдските формации од составот на коалицијата Сириски демократски сили, ќе се спротистават на турските сили ако се обидат да навлезат во северна Сирија. Тоа го изјави за Њујорк тајмс командантот на Курдите во составот на СДС, Мазлум Кобани.
Повеќе од 10.000 курдски борци го изгубија животот во борбите против ИД во изминатите години.
