Алијанса за Албанците: Несреќите во Ласкарци и Бугарија не добија епилог поради контролирано судство

/

Истрагите за автобуските несреќи на „Дурмо турс“ во Ласкарци и на „Беса транс“ во Бугарија не добиваат епилог поради судството контролирано не само од политиката, туку и од групи кои имаат интереси, смета партијата Алијанса за Албанците.

Нивниот пратеник Аднан Незири на прес-конференција во Собранието рече дека  целата јавност денеска била сведок на скандалозна постапка  на судот.

-Денеска уште еднаш настрада семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци со откажување на седницата со најбанално оправдување дека не е извршено супервештачење. Алијанса за Албанците оценува дека супервештачењето е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај, рече Незири.

Посочувајќи дека вчера беше навршена една година и од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, пратеникот во име на Алијанса за Албанците апелираше до органите на правдата да стават крај, како што рече, „на исмејувањето  со жртвите и нивните семејства“.

-Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и во други органи на државниот систем, додаде Незири.



На новинарско прашање околу преговорите на Алијанса за Албанците за влез во Владата,  тој одговори дека од в.д. претседателот на неговата партија има извештај дека за тоа прашање не е разговарано и доколку има новини, рече, медиумите ќе бидат информирани.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

МНР на Бугарија: РСМ ќе продолжи кон ЕУ доколку ги почитува правата на македонските Бугари

Следна статија

Тупанчевски: Изборот на Ислам Абази зборува и за самите јавни обвинители

Најново од Вести