Тупанчевски: Изборот на Ислам Абази зборува и за самите јавни обвинители

/

Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

– Ќе бидам брутално искрен и ќе кажам дека не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом, практично во рамките ако се земе формата влегуваат и судството и обвинителството, нотарите извршителите итн., посочи Тупанчевски.

Тој посочи дека во поновата правна историја на нашата држава имавме три модели за избор на обвинители и судии.

– Првиот модел ги избираше Собранието, вториот модел требаше да биде прогресивен или напреден, ги избираше Советот на јавни обвинители и Судскиот совет и она што е трето или најнов модел кој е предвиден со новиот Закон за јавно обвинителство, а тоа беше 2020 година кој беше консензуално усвоен од Собранието на нашата држава. Јас бев дел од подготовката на тој Закон, имаше и невладини организации и сметавме дека овие два претходни модели имаат одредена потреба за корекција или објективизирање на критериумите за избор на јавни обвинители и судии и во таа насока се движевме да инкорпорираме модел кој би бил транспарентен, објективен и во таа насока беше предвиден овој концепт, односно јавните обвинители да го бират јавниот обвинител, појасни Тупанчевски.

Тој рече дека дотука може да коментира, бидејќи се понатаму ќе значи мешање во работата на институциите кои треба да бидат независни, објективни и огледало на државата.



Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави пауза, а седницата ќе продолжи со работа во 15 часот.



Претходна статија

Алијанса за Албанците: Несреќите во Ласкарци и Бугарија не добија епилог поради контролирано судство

Следна статија

Кривична за директор на училиште во Кочани за злоупотреба на службената положба

Најново од Вести