„Алтернатива“ во иднина ќе расправа за резултатите од локалните избори

/

Партијата Алтернатива не донесе никаква одлука на синоќешната средба на тесното претседателство. Оттаму најавуваат дека во наредните денови партиските тела ќе расправаат за резултатите од локалните избори и за другите актуелни случувања на политичката сцена, а потоа ќе го соопштат својот став. Во текот на оваа недела нема да има конкретни одлуки. Од Алтернатива велат дека сè што се зборува во јавноста е шпекулација и обид за притисок врз партијата. Во меѓувреме, Алсат дознава дека од завршувањето на вториот круг од изборите, во партиските органи има незадоволство поради лошите резултати, особено во општините во скопскиот регион, во Куманово и во Липково. Од тие причини не е исклучена можноста да се разговара и за прашањето за одговорност.



Претходна статија

Касами ќе истражува како се трошеле парите во Тетово

Следна статија

Нови 550 случаи со Ковид-19, 12 починати, 390 оздравени пациенти

Најново од Вести