Амбасадата на Бугарија во Турција изрази сочувство по повод трагедијата во турскиот ски-центар Карталкаја
Амбасадата на Бугарија во Турција изрази сочувство по повод трагедијата во турскиот ски-центар Карталкаја, округот Болу, северозападна Турција, јавува БТА.
„Жалиме заедно со роднините на загинатите во разорниот пожар во Болу. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој тежок момент ја изразуваме нашата солидарност со народот на Турција“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на бугарската амбасада во Турција.
Во пожарот во хотел во зимскиот центар Карталкаја вчера загинаа вкупно 76 лица, а десетици беа повредени. Досега се приведени девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот.
