|

Ангелов очекува „козметички корекции“ во Владата

Претседателот на партијата Достоинство, која е дел од владеачката коалиција, Стојанче Ангелов вечерва информира дека не очекува сериозни промени во Владата.

-Од информациите што јас ги имам, не очекувам да има големи измени во Владата, туку само на местата ослободени за Алтернатива. Очекувам да има козметички корекции во владините редови. Тоа е моето очекување и перцепција, рече Ангелов во емисијата „24 анализа“.

Според постигнатиот договор меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, министерствата за здравство, за информатичко општество и администрација и министер без ресор задолжен за дијапсората, како и замениците-министри за образование, култура и веројатно и во земјоделие одат во рацете на новата владеjачка партија.

Слични Објави