Ангелов: Очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот во малешевскиот крај
Ангелов упати благодaрност и честитки до македонските пилоти, но и на пожарникарите кои учествуваат во гаснење на пожарот.
-Најпрви на лице место излегоа пожарникарите од ТППЕ од Берово заедно со пожарникарите од Национални шуми од Берово, 30 луѓе, коиш први почнаа со воспоставување на контрола. Денеска рано наутро на нив им се придружија пожарникари од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица, но и тимови на ДЗС. Сите овие пожарникари успеале да воспостават, би рекол делумна контрола на пожарот. Очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, посочи Ангелов.
Гаснењето, како што рече, најверојатно ќе трае подолго, бидејќи на некои места догоруваат трупци, договоруваат дебели дрва на кои е тешко да се изгаснат, а и треба повеќе време истите да согорат.
Ангелов потенцираше дека на прво место е безбедноста на граѓаните и на пожарникарите.
Целиот напис прочитајте го овде.
