САМО ОД ЉУБОВ КОН ТАТКОВИНАТА ЛИ ПОРАНЕШНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО СОВЕТУВААТ БИТИЌИ
Веле Самак, Никола Поповски (поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ), Игор Ивановски, Ванчо Узунов, Дарко Лазаров (член на ВМРО-ДПМНЕ) се исто така во тимот што ќе го советува вицепремиерот Фатмир Битиќи во рамките на иницијативата „За татковината со љубов“, пишува Независен.
Иако Битиќи најави дека станува збор за советодавно експертско и повеќепартиско тело, откритието дека меѓу нов се и екс министерот од владата на Никола Груевски, Владимир Пешевски и заменик министерот за финансии Кирил Миновски, предизвика изненадување во јавноста. Според информации на други медиуми во иницијативата се вклучени и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска, Олимпија Христова Заева и Горан Рафајловски.
Првиот состанок на ова неформално тело се одржа 3 декември, при што на онлајн средбата учествуваа стопанственици, универзитетски професори, економски експерти, претставници на невладини организации, како и поранешни министри, без оглед на политичката ориентација, родовата или етничка припадност.Засега не е соопштено дали оваа активност се хонорира или баш е заради љубов кон татковината.
