| | |

Ангелова: Жртвите не се виновни!

Трета година по ред сопругата на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов, Билјана Ангелова, е иницијатор и организатор на кампањата ,,СТОП на домашното насилство ” во РС Македонија. Во таа иницијатива се вклучени Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на насилство, на чело со Неда Смилевска и Организацијата на жени на Град Скопје, со прв човек Томка Дилевска.

Г-ѓа Ангелова даде кратко интервју за порталот Трибуна во врска со нејзината иницијатива ,, СТОП за домашното насилство” . Еве што кажа Ангелова за читателите на нашиот портал.

Трибуна: Госпоѓо Ангелова, трета година по ред сте иницијатор и организатор на кампањата ,, СТОП на домашното насилство “. Која е основната причина да бидете активна во однос на тој проблем?

Ангелова: Еднаш Томка Дилевска ми кажа за едно прашање, што е обично за децата-жртви на домашно насилство. Прашањето беше следното: ,, Мамо дали кога ќе пораснам и ќе се омажам , мојот маж ќе ме тепа , како што тебе те тепа тато?” Која ќе го слушнете тоа прашање, не е потребно да се каже ништо повеќе. Тоа е животот на многу деца. За жал, многу мајки одлучуваат да останат со своите насилници поради децата… И што прават заради нив?! Глумат?! Не! Баш заради нив треба да се тргнат од токсичната средина и баш заради нив тие се должни да продолжат да живеат, независно од сѐ и да бидат готови да се справат со сите предизвици и да поверуваат дека ќе успеат и во тоа, ама тука треба да бидат јаки и институциите. Сите институции и општеството! Секој еден од нас!

Трибуна: Каков е акцентот на овогодинешната кампања против домашното насилство што ја организирате заедно со Организацијата на жени на Град Скопје (ОЖС)?

Ангелова: За трета година по ред, тие ми ја дават својата доверба за да ја организирам кампањата ,, СТОП на домашното насилство “. Оваа година одбрав акцентот да биде насилството врз децата како (ин) директни жртви. Какви се пораките кои тие ги добиваат, што мислат машките деца кои растат во таква средина, треба ли да го прават истото што го прават нивните татковци, како размислуваат девојчињата во ваквата средина. Така ли треба да се однесува кон нив човекот кој им се колне во љубов?! Токму затоа го објавив почетокот на мојата кампања, 40 дена пред 12.12. Датумот што го одбрав за мојот one minute event, пред две години. Тогаш видов колку многу луѓе не поддржаа и излегоа надвор да го кажат својот револт и разбрав колку важен проблем е тоа за овдешната јавност. Во 2022 година ја организирав кампањата ,, СТОП за домашното насилство. Животот е МОЈ”. Проектот беше инклузивен, зборувавме за насилството врз жените без разлика на нивната вероисповед, со помошта на г-ѓа Имране Морина. Ја отворивме темата и за мажите кои се против домашното насилство и за мажите кои се жртви на домашното насилство. Во таа улога влезе познатиот македонски актер Сашко Коцев, за што сум му многу благодарна, што две години ја дава својата поддршка. Добивме поддршка од министри, од клубот на пратеничките, со премиерот г-н Ковачевски имаме слика со мегународниот знак против домашно насилство. Добивме поддршка и од медиумите. Мината година во кампања се вклучи дури и европратеникот и набљудувач за напредокот на РС Македонија г-нот Илхан Ќучук. Со своето вклучување г-нот Ќучук, ја издигна на уште повисоко институционално ниво нашата кампања.


Трибуна: Што очекувате да се случи на 12.12 2023 година во 12 часот во Скопје и во цела Република Северна Македонија?

Ангелова: Очекувам по трет пат од амбасадорите во државата, градоначалниците и обичните луѓе да кажеме стоп на домашното насилство. Откако во 2021 година ги охрабривме жените, а во 2022 им испративме порака, дека животите се нивни и дека никој не може да располага со нив, оваа година кажуваме ЖРТВИТЕ НЕ СЕ ВИНОВНИ. Оваа година се надевам тоа да биде слушнато во барем три држави- РС Македонија, Бугарија и Косово.

Верувам дека на 12 декември во 12 часот ќе се организираме и ќе излеземе на плоштадите во градовите или во институциите каде што работиме, за да му кажеме СТОП на домашното насилство. Верувам дека ќе го направиме меѓународниот знак на жртвите на домашно насилство, кој во меѓународен план спасил илјадници животи. Со минута молк ќе им оддадеме почит на тие кои не се меѓу нас , ќе се обединиме за жртвите на домашно насилство и пак ќе покажеме дека заедно сме посилни.

Билјана Ангелова со Томка Дилевска и Неда Смилевска од ОЖС

Организацијата на жени на град Скопје (ОЖС) е формирана во далечната 1991 година како прва невладина, непартиска и непрофитна организација во Р.С Македонија, со приоритетна цел превенција на семејното насилство.

Во 1994г, ОЖС ја отвори првата SOS линија (02) 15 700) за жени и деца жртви на семејно насилство и е првиот сервис за пружање помош на сите жртви на семејно насилство на цела територија на РС Мкедонија.

На линијата работат обучени операторки и истите покрај дежурствата на SOS линијата спроведуваат и обуки за млади волонтерки за работа на Линијата како и одрржување на трибини за РБЗ во училиштата и интернатите на територија на градот Скопје

Покрај услугите кои SOS операторките ги даваат на жртвите од семејно насилство, вклучувајќи го и временото сместување во Шелтерот, ОЖС исто така, секоја година се вклучува во светската кампања “16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата.

Секоја година, додека трае кампањата бројот на јавувања на SOS линијата расте, а со тоа и насилството. Тоа е период кога жените и девојките најмногу се охрабруваат да го кренат својот глас и јавно да проговорат за ова светско зло! Сите го посакуваме истото, па АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД МРАКОТ НА НАСИЛСТВОТО, и силно да го кренеме својот глас за живот без насилство.

Инаку бројот на јавувања варира од месец на месец, најмногу ги има во вечерните часови кога и мажите се дома, 4 до 9 јавувања дневно.

Организација има двата сервиса и SOS линија И Шелтер центар. Истата максимално се вложува во олеснувањето животот на жертвите од семејно насилство преку психо-социјална подршка и други видови на услуги кои пермнентно ги нуди во текот на сте овие 30 години откако постои.

Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на насилство е отворен во 1997 година од Организациjaта на жени на град Скопје. Негови основни функции се да обезбедува сигурно и безбедно згрижување, храна , лекови, облека, обувки, хигиенски средства и што е најважно психо-социјален третман и бесплатна правна помош на жртвите, без разлика на нивната возраст, религија, национална и етничка припадност а исто така и сексуална ориентација. Шелтерот е достапен 24 часа, седум дена во неделата . На корисничките на услугите кои престојуваат заедно со своите деца им се обезбедува да го продолжат своето образование во најблиското училиште или градинка . Жените кои ќе изразат желба за вработување добиваат помош од Шелтерот, во вид на посредување за истото и посета на обуки со цел стекнување на работни вештини со кои би можеле полесно да се снајдат во животот по напуштањето на Шелтерот .

За непреченото функционирање на Шелтерот е потребна континуирана финансиска поддршка од бизнис секторот, локалната власт и државните институции.



Слични Објави