МАКЕДОНИЈА СЕ НАОЃА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ЕВЕ ШТО ПРЕПОРАЧУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ

//

Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалoци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат – се дел од препораките за тоа како треба да се однесуваме во време на високи температури во т. нар портокалова фаза.

Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија.



Претходна статија

ТРАМП ЌЕ ГИ ПОСЕТИ ЕЛ ПАСО И ДЕЈТОН

Следна статија

БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСАНАРО: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КРИМИНАЛЦИТЕ ЌЕ УМИРААТ ПО УЛИЦИТЕ КАКО БУБАШВАБИ

Најново од Вести