Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој важи за голем десничар изрази надеж дека криминалците „ќе умираат на улиците како бубашваби“, откако законот што тој го бара ќе биде усвоен.
Болсонаро се надева дека законодавците ќе го одобрат неговиот предлог закон, кој ќе ги штити од судско гонење полициските и воените сили, но и граѓаните кои ќе убијат злосторник.
Активистите за човекови права стравуваат дека тоа би можело да предизвика масакр, но Болсонаро тврди дека со тоа ќе им овозможи потребна „правна заштита“ на полицајците кои користат оружје во својата работа и истовремено смета дека тоа ќе придонесе за драстично намалување на насилството.
Според бразилскиот претседател бразилската полиција води нерамноправна борба против криминалот и треба да се награди за користење на оружјето, а не судски да се гони. Истото според Болсанаро важи и за обичните граѓани кои ќе убијат криминалец.