ДОДЕКА АРМИЈАТА НА САД СЕ ПОВЛЕКУВА, ИСИС СЕ ВРАЌА ВО СИРИЈА

//

Терористичката организација Исламска држава се враќа во Сирија, додека САД ги повлекува своите војници. Терористите ги зацврстуваат своите позиции и во соседен Ирак, тоа се вели во извештај на независниот надзорен орган на Пентагон, цитиран од АФП.

„И покрај загубата на територии, нивниот „Калифат“ си ги зацврстува позициите во Ирак, а припадници на ИСИС се појавија во Сирија во второто тромесечие на 2019г.“, се вели во извештајот.

Според независниот надзорен орган, враќањето на џихадистите се должи на неспособноста на локалните вооружени сили да се борат на повеќе фронтови во исто време и да ја зачуваат контролата врз веќе исчистените од терористи територии.

Враќањето на терористите во Сирија е факт, откако се случи делумното повлекување на воените трупи на САД.

„Повлекувањето е спроведено и покрај ставот на командантите на Сириската демократска опозиција дека нивните борци имаат потреба од воена обука и екипирање за антитерористички операции“, стои во извештајот.

Минатата година Трамп прогласи победа врз ИСИС и заповеда американските војници да се повлечат од Сирија. Поради таа негова одлука, тогашниот министер за одбрана на САД, генерал Џејмс Лудото куче Матис си поднесе оставка.

Во североисточниот дел на Сирија сè уште има мал број американски војници, таму каде што речиси и да нема трупи на Башар Асад.



Тактиката на ИСИС е да предизвикува хаос во веќе изгубените од организацијата територии. Таа тактика има за цел да ги спречи локалните власти да воспостават целосна и ефективна контрола врз тие територии.

Предводената од САД коалиција против Исламска Држава смета дека во ИСИС членуваат меѓу 14 000 и 18 000 терористи во Сирија и Ирак, од нив дури 3000 се странци.

Извештајот на надзорниот орган потсетува дека ИСИС само изгледала уништена кога водачите на месните сунитски заедници почнаа да работат против џихадистите во периодот 2007-2008 г.

Но потоа водачот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади го искористи гневот на сунитите во Ирак, кои беа незадоволни од Владата раководена од шиити и повторно ја изгради својата организација, се разбира користејќи го хаосот на граѓанската војна во Сирија.

Претходна статија

БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСАНАРО: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КРИМИНАЛЦИТЕ ЌЕ УМИРААТ ПО УЛИЦИТЕ КАКО БУБАШВАБИ

Следна статија

БОРИСОВ: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД БОРБАТА ДА ГО ДОНЕСЕМЕ „ФОЛКСВАГЕН“ ВО БУГАРИЈА

Најново од Вести