АПЕЛ ЗА ПОМОШ: БОРБА ЗА МАЛИОТ ВАСИЛИЈ
Малото бебе по име Василиј кое заслужува да замине во својот топол дом каде го чекаат неговите родители мајката Емилија и таткото Христијан, како и најблиските членови од фамилијата.
Василиј е мало бебенце, родено на 14ти мај во екот на пандемијата која го задеси светот и нашата земја во 27та недела од бременоста, со само 1кг тежина и веднаш е ставено на апарати за дишење, а поради прематуритет (односно предвременото раѓање) се создаваат компликации како крварење во малото мозоче на Василиј и појава на цисти. За да не биде доволно сето тоа дуктусот на малото срценце на Василиј создава проблеми поради недоволно затворање и затоа е потребно да се направи операција за да се продолжи со престојот на интензивна нега, а потоа се надеваме секако на позитивниот исход конечно жив и здрав да се врати онаму каде што припаѓа- во прегратките на својата мајка.
Емилија Јованоска е една предобра и млада мајка од Прилеп која не успеа докрај да се порадува на својата бременост и наместо да слави за раѓањето на својата долгоочекувана радост синот Василиј, веќе 53дена го гледа тоа мало бебе како се бори на приватната клиника Acibadem Sistina HospitalСистина во Скопје. Трошоците за операцијата се огромни и семејството веќе се соочува со тешкотии, од една страна волјата за живот и борба за тоа бебе да преживее е преголема, но од друга страна финансии ги уништуваат. Знам сите сега сме преморени психички и финансиски од самата пандемија со КОВИД 19, токму поради ова и семејството на Василиј досега само се бореше, наоѓаше начини преку вадење кредити од сите страни, задолжувања, но веќе не оди. Неможат сами во оваа борба да издржат. Исцрпени се и очајни.
Таа млада мајка која едвај чекаше да го слушне плачот на своето бебе, сега наместо солзи радосници секој ден, секој час, секоја минута се моли и плаче од мака и тага да си го земе синчето живо и здраво. Знаете како боли, знаете како се кине срцето на милион парчиња на една мајка за своето чедо? Да го родиш, а да не е до тебе.. Да си блиску, да го чувствуваш во својата утроба, а во друг момент толку далеку…Знаат некои кои го имаат почувствувано на своја кожа, знае секоја мајка, знае секој оној кој води некоја битка во животот. Таа мајка зар мислите сакала вака да биде? Зар мислите се нема запрашано “зошто мене ова ми се случува”?
Таа мајка е уште една во редот која чека да си замине од клиниката Систина со Василиј во раце и конечно да го почувствува неговиот бебешки мирис. Да ја види неговата насмевка, да ги фати неговите мали рачиња, да го гушне и стопли неговото мало тело до своето. Оној кој не ја доживува туѓата мака незнае како е. Мене оваа приказна ме погоди зошто и самата сум мајка и знам дека исто се би направила за своето најсакано и секој кој има срце и душа, кој знае како е да се бориш за она најмило ќе помогне.
Да помогнеме сите во оваа борба. Да не дозволиме Емилија Emilija Jovanovska да се чувствува препуштена сама на себе во оваа наша мала држава. Да се сплотиме сите сега од исток и запад, кон север и југ и долж Повардарието да подадеме раце и сите заедно да помогнеме.
Да помогнеме од нашите срца за срценцето на малиот Василиј да чука силно, а тие ќе ни возвратат со победа во оваа тешка борба, бројни насмевки, заеднички моменти како семејство. Да се откажеме од денешното излегување на “кафе шема” и наместо испиеното кафе од 100ден во некое кафуле да ги дадеме за срценцето на Василиј. Секој може да се откаже од нешто и бар малку да донира зошто ЗА НЕКОГО ТОА МАЛКУ, ЗНАЧИ МНОГУ!
Со почит, од името на Емилија Јованоска и малиот Василиј ❤?
Подолу ја имате сметката на Емилија…
Да се слушне малото срценце на Василиј споделувајте!