| |

АПЕЛАЦИЈА НЕ ГО ОДОБРИ БАРАЊЕТО НА ОДБРАНАТА НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Одбиени се барањата за изземање на Судскиот совет и в.д. претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, откако такво барање поднесе одбраната на осудените во случајот на СЈО „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер на МВР Ѓоко Поповски, јавува РСЕ. По соопштувањето на ваквата одлука јавната седница на Апелациониот суд, кој одлучува по жалбите за затворските казни на Груевски и Поповски, повторно беше прекината. Адвокатите побара изземање на судијата известител Тања Милева, бидејќи како што наведе била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а СЈО ги отворило предметите за кои водело истрага.  Груевски во случајот за набавка на „мерцедосот “ од 600 илјади евра е осуден на две години затвор, а Поповски на шест години и шест месеци затвор.



Слични Објави