АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА КУЧИЊАТА ПРИДРУЖНИЦИ

//

Археолошкиот музеј на Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

– Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.



Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.



Претходна статија

АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГИ ПРЕИСПИТУВА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЗАКУП НА КАНЦEЛАРИИТЕ НА ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ИВАНОВ И ЦРВЕНКОВСКИ

Следна статија

АРСОВСКИ: ЦАРОВСКА ДА НЕ МОЛЧИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ТЕНДЕРИТЕ НА НЕЈЗИНИОТ МАЖ

Најново од Вести