Арсовска: Голем број луѓе работат во Германија, а со години тука земаат плата

/

Во гостување во „Студио 10“, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека дошло до блокада на Буџетот на Град Скопје. Според Арсовска, ова се должи на „свесната одлука, нестручните и несоодветни амандмани за ребаланс на буџетот поднесени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ“.

„За прв пат во последни 30 години се случува на последниот ребаланс да се ставаат амандмани. Досега ниту една политичка партија не ставала амандмани. По редот на нештата ова не го направија ниту од ДУИ, ниту од СДСМ, Алатернаива туку ВМРО-ДПМНЕ, знаејки дека тоа ке доведе до блокада на буџетот. Беа предурпедени дека не е добро ова за граѓаните, но одлучија да бидат послушници на некој кој што сака да наштети свесно на нешто што градот треба да го реализира. Блокадата не значи дека градот нема да функнционира, туку дека нема да можат да се реализираат активностите меѓу кои и мерките за помош на граѓаните поради енергетската криза и други кои беа планирани. ВМРО-ДПМНЕ е власт во град Скопје. Тие не доведоа свесно во оваа состојба. Верувам дека некогаш во интерес на граѓаните луѓето треба да се надминат себе си“. – вели за „Студио 10“ Данела Арсовска.

Голем број на луѓе работат во Германија, а тука земаат плата. Ние тоа го прекинавме и затоа се создаде толкав голем отпор, вели Арсвоска.



– Ниту еден ден не се појавиле на работа, а со години земаат плата. Ние повеќето од нив ги отстранивме. Има многу луѓе надвор кои сакаат да работат и чесно би си ја вршеле работата, а не можат да работат затоа што местата ги држат тие кои не работат, а земаат плата. Оттука се создаде тој отпор.“, тврди Арсовска.



Претходна статија

Пристигнаа првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола

Следна статија

Шолц предупреди: Мора да бидеме подготвени за ескалација на војната во Украина

Најново од Вести