|

Арсовска им понудила на директорите сами да си дадат оставка оти ќе ги разрешела

По оставките утрево од директорите на Дрисла и Паркинзи се огласи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани. #нултакорупција#ЗаМодерноСкопје“ – напиша Арсовска на Фејсбук.

Слични Објави