АУКЦИЈА ВО ЛОНДОН: РЕДОК ПОРТРЕТ НА МЛАДИОТ МОЦАРТ ЗА 1,2 МИЛИОНА ЕВРА

Портрет на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт на 13-годишна возраст, ќе биде ставена на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон.

Ова е една од ретките слики изработени додека познатиот музичар бил жив, па се очекува за неа да бидат платени меѓу 800.000 и 1,2 милиона евра.

Се смета дека сликата „Младиот Моцарт“ е од Џамбетино Чинароли. Разногласија меѓу стручните лица има за тоа кое музичко дело се гледа на неа. Моцарт седи пред клавир, но не е јасно што е тоа што го свири во тој миг.