|

ОБРАЗОВАНИЕТО Е НАЈВАЖНА КАРАКТЕРИСТИКА КОЈА ЖЕНИТЕ ДЕНЕС ЈА БАРААТ КАЈ МАЖИТЕ

Изненадувачки, но податоците од истражувањето на Техничкиот Универзитет Квинсленд покажале дека образованието е најважната карактеристика која жените ја бараат кај мажите во наше време.

Истражувањето опфатило 40 000 испитаници од 18 до 80 години, односно направени се анализи на 250 000 интеракции меѓу корисници на еден од најпопуларните и најрелевантните веб страници за пронаоѓање партнери во Австралија.

Експеритите изјавуваат дека жените до 30 години бараат партнер со исти или повисоко ниво на образование од своето. Дека тие се многу попребирливи во изборот на парнер и дека една од клучните фактори при изборот е образованието. Тие го поврзуваат имено образованието со интелигенција, општествениот статус и потенцијалниот животен успех во иднина.

Од друга страна пак истажувањето покажало дека мажите не се премногу пребирливи до 40 – годишна возраст, но подоцна сликата значително се менува и тие имаат значително поголеми барања при изборот на партнерките.

 

 

Слични Објави