АЗАР БИ МОЖЕЛ ДА ГО ПРОПУШТИ „ЕЛ КЛАСИКО“: И НАТАМУ Е СО ПАТЕРИЦИ

Еден Азар се повреди на натпреварот проти ПСЖ во Лигата на шампионите, а прогнозите беа дека ќе пропушти само неколку натпревари.

Се чини дека повредата на скочниот зглоб е малку посериозна, бидејќи Белгиецот и натаму се движи со патерици. Азар има доста слаб почеток на кариерата во Мадрид, а тоа најмногу се должи на честите повреди. Прво имаше сериозна повреда на бутниот мускул, а сега и на скочниот зглоб.

Реал Мадрид игра со Барселона на гостински терен на 18 декември, а шпанските медиуми не веруваат дека крилниот напаѓач ќе биде подготвен за игра. Можеби ќе се рехабилитира, но најверојатно нема физички да може да издржи едно дерби како што е „Ел Класико“.

Сигурно дека евентуалното неиграње на Азар на „Камп Ноу“ ќе биде голем проблем за тренерот Зинедин Зидан.

Извор: Спорт1



Слични Објави