АЗЕРБЕЈЏАН НАПАДНА ВОЕНА ЕДИНИЦА НА ЕРМЕНСКА ТЕРИТОРИЈА

Армијата на Азербејџан нападна воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан, најавувајќи „соодветен одговор“.

Таа нагласи дека пред да се случи операцијата од Министерството за одбрана на Азербејџан лажно објавиле дека ерменската армија од реонот Варденис го гранатирала реонот Дашкасан во Азербејџан“.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Аркрун Ованисјан соопшти дека азербејџанската војска при нападот на ерменскиот град Варденис не гаѓала само воени единици, туку и цивили, но за среќа нема жртви.