|

Беџети: Се што прави Артан Груби е личен протагонизам, барам да си поднесе оставка

Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерствa ниту во владата. Се што прави Артан Груби е личен протагонизам и барам од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, порача организациониот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, и додаде дека ќе ја продолжат битката додека не ја обединат ДУИ.

Изјавата Беџети ја даде на синоќешната средба на жителите на Сарај со високи партиски функционери на ДУИ.

Беџети потсети и дека извршната власт воопшто не мрднала со процесот на децентрализација, што го отежнува развојот на албанските општини, додека проектите ги реализира заедно со многу бизнисмени од општината.

На синоќешната средба се обрати и првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, кој рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание Изет Меџити им порача на жителите на Сарај дека овој собир е гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ. Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.

„Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството“. Меџити рече дека Артан Груби освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири? И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турка ДУИ во погрешен правец. „Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што му ги направи Артан Груби“, рече Џафери. Тој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.

Членот на Претседателството Невзат Бејта рече дека не ја делат ДУИ, туку напротив ја обединуваат, затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин, рече Бејта, додавајќи дека ДУИ била обединета до пред 3 години, кога дојде Груби и започна поделбата.



Слични Објави