Бензините поскапуваат за 2,5 денари!

/

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар, додека цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.



Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Во Охрид слета првиот авион со туристи од Холандија, годинава најавени повеќе од 60 чартер летови!

Следна статија

Мицкоски: Активната блокада продолжува, се што не е од интерес на граѓаните ќе биде блокирано

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да