| |

Бесплатен јавен превоз во Скопје и прекин на градежните активности поради аерозагадувањето

Од денес јавниот превоз во Скопје повторно е бесплатен поради високото аерозагадување, соопшти на пресконференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, додавајќи дека мерката ќе трае додека не се намали загадувањето во градот. Шилегов посочи и дека се прекинуваат сите градежни активности на градилиштата кои се под надлежност на Град Скопје, а ги повика и останатите скопски градоначалници да го направат истото. Помеѓу другите мерки, градоначалникот информираше и дека ги задолжил надлежните институции на зголемено чистење на градските улици и булевари, зајакната контрола на фирмите кои доставуват стока, зголемување на инспекциските надзори на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, барање до МВР за забрана на транзит на тешки товарни возила низ Скопје и зачестени контроли на издувните гасови на возилата во сообраќајот… (Прочитајте го целиот напис овде)

Слични Објави