|

Бесрамното однесување на раководството на ДПМНЕ го достигна својот врв

Став на проф. д-р Дореана Христова

На последните вести од канал 5 вечерта на 8.7.23 г. Мицкоски објави дека ги прекинува сите задолжителни комуникации со македонската влада и ќе го чека само моментот на папагалската порака за предвремени избори… нешто незапаметено досега во парламентарната македонска пракса.

Тој повикува како цело време досега на безредие во парламентарниот систем и непослушност кон државните обврски, за кои беше платен и за кои не му дозволиле македонските граѓани да се наоѓа на чело на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку лично деликвентот – бегалец во Унгарија, Никола Груевски.

Со овој ,,подвиг,, бесрамното однесување на раководството на ДПМНЕ го достигна својот врв. Истиот тој состав на раководство на спомнатата партија со Мицкоски, Василевска….. го оркестрираа обидот за државен удар на 27 април 2017 г., се разбира и тогаш како сега со помош на амбасадата од Белград, при што за жал имаше и тешко ранети, за среќа немаше смртни последици по претепувањата во Македонскиот парламент.

Мора некој да ги натера Мицкоски со раководството на партијата, да престанат со практикуваното насилство од таа изродена партија, што е крајно себичен и недемократски акт, приморувајќи ги македонските граѓани, по секоја цена ако не може милом, тогаш силом да дојдат на власт.

Треба да се прогласи за нелегална таа партија, т.е. Мицкоски и раководството што диригираат против граѓаните со невиден насилнички диктат, така што веќе се посакува да си заминат засекогаш кај Груевски тие што власта ја замислуваат недемократски пикирана само за нивните насилства.

Тоа е удбашкиот манир за терање инает во интерес на нечија руско српска кауза од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку нејзиниот самонаречен лидер Мицкоски, избран по диктат на Груевски, лица на кои треба да им следат европски санкции за рушење угледот на македонската држава.

Таа радикална лева партија по 2005 го сруши центристичкиот имиџ на партијата со измама наследена, која мора да се забрани затоа што е плагијаторска, со украдено име од центристичката партија под раководство на Георгиевски, внесувајќи диктаторска идеологија, својствена за непопуларните крајни леви или десни партии.

Македонските граѓани бараат мир и што побргу да се изгласаат уставните измени, дури и без диктаторите од ДПМНЕ, а потоа се знае каде им е местото…

Слични Објави