| |

Без делото на светите браќа Кирил и Методиј немаше да има Бугари

Facebook статус на Христо Костадинов

Многу луѓе очигледно не сфаќаат дека без делото на Св. Кирил и Методиj немаше да има Бугари.
Без нивното дело немаше да има словенско писмо.
Без словенско писмо немаше да има (старо) бугарски книжевен јазик.
Без (старо) бугарскиот литературен јазик, немаше да има бугарска книжевност.
Немаше да го има бугарскиот Златен век без бугарската книжевност.
Без бугарскиот Златен век, немаше да го има бугарското културно влијание.
Без бугарското културно влијание немаше да го има проширувањето на бугарската народност на Балканот.
Без проширувањето на бугарската народност, немаше да има силен и стабилен бугарски народ на Балканот.
Без силен и издржлив бугарски народ немаше да има бугарска самосвест одвоена од државата.
Без самосвест одвоена од државата, лесно би било да се стопат Бугарите, како резултат на номадските инвазии во 12-13 век, или од византиската културна моќ. Би не нашла судбината на Хазарите, Аварите, Печенезите, Куманите – сите народи со слични почетоци како нас Бугарите, но без нашите достигнувања на културно ниво.

На 24 мај им оддаваме чест на светите браќа Кирил и Методиј и нивното просветно дело кое доведе до афирмација на Бугарите како обединет народ.
Па, кој друг датум е посоодветен за национален празник? Дали е тоа датумот, што стана инструмент за повторно претворање на Бугарите во разединети племенски групи?
Дури и да прифатиме дека без 3 март „би носеле фесови“ (што е целосен идиотизам и непознавање на периодот на Преродбата), тогаш без она што го чествуваме на 24 мај, воопшто немаше да има 3 март! На нашите земји ќе имало некое грцизирано население кое во култ би го издигнало не рускиот император Александар II поради „неговиот“ идеолошки проект „Сан Стефанска Бугарија“, туку руската царица Екатерина Велика поради нејзиниот идеолошки проект „Нова Византија“ (која ги вклучувала бугарските земји).
Со оглед на историските факти, нема посоодветен национален празник од 24 мај. Дури и датумите, кои се во тесна конкуренција со овој датум се далеку назад во рангирањето:
6 септември: затоа што биле обединети два дела на бугарската нација, кои два дела, сепак, не ја сочинувале целата бугарска нација во тоа време;
22 септември: затоа што бугарската независност била факт многу пред нејзиното правно прогласување во 1908 година. Да не зборуваме за млитавиот текст на манифестот со кој била објавена истата, како и за серијата понижувачки договори склучени после тоа, со кои беа исплатени милиони левови на Русија за да го поддржи чинот на независноста, а подоцна – договорите кои ја поставуваат Бугарија во зависност од француско-руските договори во склоп на Антантата , кои нѐ доведуваат до првата национална катастрофа, која е основа за следните две.



Слични Објави