Без снег, но со многу туристи Банско ја отвора скијачката сезона
Без оглед на прогнозите на синоптичарите за потопло време од вообичаеното за сезоната, денеска во Банско се отвора скијачката сезона, јавуваат бугарските медиуми.
Првите туристи почнаа да пристигнуваат на 16 декември попладне за почеток на сезоната во туристичкиот град. И покрај недоволно добрите услови за скијање 80% од леглата во одморалиштето се веќе зафатени.
Цените за ноќевање во спа хотел со четири ѕвезди во Банско се движат од 120 до 140 лева по лице на ден за полн пансион во стандардна соба. Проверката на една од најголемите платформи за хотелски резервации кај нас покажува дека може да се најдат и ноќевања до 90 лева. Голем е интересот и за недвижности и нивно издавање на подолг период.
Годинава во Банско има поскапување за 14% на дневната ски карта – сега таа изнесува 90 лева. Но, цените на сезонските карти остануваат непроменети.