БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ НА КАРПОШ, ЧАИР И КИСЕЛА ВОДА

/

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на општина Карпош, Чаир и Кисела Вода.

Од 9:20 до 12:20 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Осло (од бр. 2 до бр.30 ) и дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (од бр. 98 до бр. 178 ) во општина Карпош.

Од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Блаже Биринчето и ул. Франк Роман (општина Карпош), од 9 до 15 часот корисниците од ул. Павле Илиќ згради бр. 7 и 9 како и дел од ул. Дижонска (подулица 23 ) во општина Чаир и од 9 до 15 часот, корисниците од улиците: Киро Крстевски, Доситеј Обрадавиќ и Марко Цепенков во општина Кисела Вода.





Претходна статија

ПАЦОЛИ ОЧЕКУВА МОРИНА ДА СЕ ВРАТИ ВО КОСОВО

Следна статија

ОЈО СО ИЗЈАВА ЗА ТВ 21: СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ЌЕ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ ПРЕД НАДЛЕЖЕН СУД

Најново од Вести