|

БИХ ДЕНЕСКА ГЛАСА: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ КАКО ВОВЕД ВО „ТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ“ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО ЗЕМЈАТА

Во Босна и Херцеговина, освен во градот Мостар, денеска се одржуваат седмите локални избори по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Гласачките места се отворени од 7 часот и ќе се затворат во 19 часот, а до крај на изборниот ден е во сила забрана за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзано со изборите.

Според Централната Изборна Комисија (ЦИК) на БиХ, право на глас на овие избори имаат 3.283.380 милиони лица кои ќе гласаат на 5.759 избирачки места, вклучувајќи и 388 редовни мобилни тимови. Од тој број, 3.141.257 милиони граѓани се редовни, 102.377 лица ќе гласаат по пошта, а 17.058 по мобилен тим. Меѓу пријавените има 14.059 гласачи со статус на раселени лица.

Граѓаните ќе изберат 56 општински собранија во Република Српска, 64 општински совети во Федерацијата БиХ, 120 градоначалници во БиХ, седум градски собранија во Република Српска, 14 градски совети во БиХ, 22 градоначалници во БиХ и Собрание на Дистриктот Брчко. Загарантирани се места за 23 кандидати на национални малцинства во 21 општина.

На изборите учествуваат 543 политички субјекти, од кои 129 се политички партии, 262 независни кандидати, 72 коалиции, девет листи на независни кандидати, како и 71 кандидат за национални малцинства.

Според многу анализи, овие локални избори ќе бидат вовед во „тектонските промени” на политичката сцена во БиХ.

Изборите во Мостар се закажани за 20 декември и тоа ќе бидат први избори во последните 12 години.

Специфичноста на овие избори е дека е очигледно дека трендот на иселување од БиХ продолжува, бидејќи бројот на регистрирани гласачи е помал во споредба со 2016 година.

Слични Објави