|

Бугарската Влада ќе ги награди златните олимпијци со по 125.000 евра

Владата во Софија на денешната седница донесе одлука парично да го награди бугарските олимпијците кои освоија медали на Игрите во Париз.

Освојувачите на златен медал ќе бидат наградени со по 125.000 евра, на сребрен медал со по 100.000 евра, додека паричната награда за освоениот бронзен медал изнесува 50.000 евра, објави бугарскиот премиер Димитар Главчев.

Игрите во Париз беа најуспешни во историјата на Бугарија со освоени три златни, еден сребрен и три бронзени медали.
Според бројот на освоени одличја, Олимпијадата во Париз беше најуспешна за бугарските спортисти по Атина 2004, кога натпреварувачите од Бугарија се закитија со два златни, еден сребрен и девет бронзени медали.

Извор: zoom.mk

Слични Објави