БИЉАЛИ: БАРАЊЕТО НА ДУИ ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР Е КРАЈНО НЕСЕРИОЗНО

//

Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“говореше за последниот предлог на ДУИ за идниот премиер да биде Албанец, пренесува Поглед.

-Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај.

Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец.

Ни во Африка ни во Азија не постои политичка партија каде главна ориентација и е тоа. Што е суштината во тоа, изјави Биљали.



Ова може да предизвика само контраефект поради потценувањето на интелигенцијата на луѓето.

„Да беше пуштена оваа работа пред 6-7 години може ќе имаше некој ефект. Сега сум сигурен не само што ќе нема ефект, туку напротив контраефект. Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелегенцијата. Сите знаат дека дека премиерот го прави мнозинството. И за да имате стабилна влада тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не наоднапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвуање на терен за ДУИ да се оправда дека дефинитивно ќе биде опозиција“, вели Биљали.

Претходна статија

ВО БЕРОВО СЕ РОДИЈА БЕБИЊА СРНИ (ВИДЕО)

Следна статија

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ОД НОЌЕСКА

Најново од Вести