|

Битиќи за назначувањето на Груби за координатор на Коридорот 8: Тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите

Согласни сме дека инфраструктурните проекти слабо се реализираат и мора да се впрегнат сите сили, нема друга позадина. Вака вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва го објасни назначувањето на Артан Груби за координатор на изградбата на Коридорот 8.

Како што рече Битиќи во гостувањето на „Вин – вин“, тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите за да се помогнат одредени процеси, иако примарната надлежност за сите инфраструктурни проекти е во Министерството за транспорт.

-Согласни сме дека инфраструктурните проекти слабо се реализираат и мора да се впрегнат сите сили, нема друга позадина. Не само Груби, туку секој од министрите што сака да помогне за да се забрзаат одредени клучни активности за граѓаните, може да биде предложен за да земе дел од обрвските. Тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите за да се помогнат одредени процеси, иако примарната надлежност за сите инфраструктурни проекти е во Министерството за транспорт, а формално-правно тоа оди низ Комисијата за економски систем со која јас претседавам, напомена Битиќи кој, како што рече претходно, не присуствувал на вчерашната владина седница на која Груби бил назначен за координатор на изградбата на Коридорот 8.

Битиќи не смета дека ангажманот на Груби значи дека се работи за партиски проект на ДУИ и дека „отаде Групчин“ за се одлучува ДУИ.

-Ако тоа е проект на ДУИ, тогаш зошто не го направи во времето на ВМРО, туку во владеењето со СДСМ? Откога почна владеењето на СДСМ со ДУИ, приоритет на Владата се интересите на граѓаните, а не партиските интереси, затоа велам дека тоа е проект за граѓаните да ги добијат услугите кои ги заслужуваат, истакна вицепремиерот за економски прашања.

Извор: zoom.mk



Слични Објави