| |

Мехмети: Жалам, но јас сметам дека кај македонските елити преовладува српската памет, тие останаа во времето на Југославија

Кај македонските елити се уште преовладува српската памет. Ова со жалење го изјави познатиот публицист и писател Ким Мехмети во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Мене ми е жал, но јас сметам дека кај македонските елити се уште преовладува српската памет.Паметта на Српската академија на науките и уметностите. Која е таа памет? И кога те тепаат Грците, ти треба да ги пцуеш Албанците и Бугарите. Кога играш утакмица против Германците и примиш гол од Германците, ти скандираш „само мртов Албанец е добар Албанец“таа е логиката, дека природни непријатели на Македонците се Албанците и Бугарите. Природен брат, природен заштитник на Македонците се Србите. Таа памет за жал преовладува кај македонските политички елити“, изјави Мемети.

Според познатиот писател тоа се должи на фактот што Србија 40 години инвестирала во таа состојба. Мехмети ја даде за пример желбата на еден пејач од Македонија да пробие во „Звезде гранда“, наместо во својата земја. Тој додаде дека тоа е дозволено за обичниот народ, но не и за елитата, која треба да брани етнички и државнички интереси.На прашањето на водителот, што прават нашите елити со Белград освен Отворен Балкан, каде што се наоѓа и Албанија, Мехмети даде дециден одговор дека тие останале во времето на Југославија.

„Тие останаа таму, каде што беа за време на Југославија.Во бивша Југославија, еве нека ме негира некој, ако не било така, лиценцата дека си академик, дека си писател се добиваше во Белград. Нашите вистини, дури и албанската ги кроеше Белград. Вистината за Албанците ја кроеше Белград оти така беше, јас не обвинувам, кога го изнесувам ова, и јас сум од ова школо, не сум роден вчера, па сега да сум некој судија што им објаснува на сегашните како треба. Не. Ние сме од тоа школо, кај што црквата на вистината беше во Белград и колку помал си како ентитет, толку повеќе Белград ти ја одлучува судбината. Ти ја пишува историјата, дури и албанската…“, истакна Мехмети во „Само интервју“.

Слични Објави