| |

Битно е да ги спуштиме очекувањата на ниво на прифатливо разочарување!

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

Одамна живееме како во стрип. Секој од нас има омилен бизарен лик. А во нашиот стрип такви ликови има во изобилство. За секого и за сечиј вкус.

Им се восхитуваме на остроумноста,почесто за подмолноста за која велиме дека е „итроштина„ и со нетрпение ја очекуваме следната епизода.

Таман, како така,колку толку, ја поминавме драмата со личните документи за индентификација (спакувана од нашите стрип јунаци) пред нас е најновиот број од серијалот „Имам држајванство,но немам пасош„ Експерти, криминалци, Македонци…и сето тоа на помалку од половина страница. Го издвојувам најдоброто…

-Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислуваме приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно – Христијан Мицковски

Само во стрип новоформираното министерство со сеуште скромна и сиромашна веб страница ( има две сувопарни информации за протоколарни средби https://www.ea.gov.mk/category/novosti/) комуницира со јавноста преку соопштение небаре Министерството за енергетика ,рударство и минерални суровини е државјанин на Република Бугарија.(а можно ли е и такво нешто?) Еве како си глаголи министерството…

Во соопштението испратено од Министерството за енергетика се наведува дека Божиновска на 14 септември минатата година побарала отпуст од бугарското државјанство.

-За жал, одредени актери од Бугарија, на кои не им е во интерес градењето на добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија со цел надминување на пречките за нашето членство во Европската Унија, наместо култура на дијалог, ја злоупотребуваат ситуацијата. Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини, се наведува во соопштението испратено до МИА.

Се обидов да занемарам дека станува збор за стрип, но,не успеав да разберам за каква ситуација станува збор (да бидам искрен, не можам да кажам дека воопшто разбрав нешто) каков ли интелектуален крем мозга во министерските кабинети. Метеорологија ли беше, или метрологија,а?

И додека верната читателска публика френетично пресметува дали при последното купување во маркет заштедила 550 или 600 денари, притоа внимателно ја става сметката во џебот, за да се прегледа во кругот на семејството, да се порадуваати тие, од последната страница на стрипот,насмејаниот лик вели – Подобро да си 100 години богат, отколку 7 денови сиромашен.

И иако се помалку му се смееме на стрипот, сепак,со нетрпение го очекуваме следниот број!

Слични Објави