| |

Благоевград одбележа 123 години од Илинденско-Преображенското востание

Благоевград на 2 август, одбележа 123 години од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание, јавува Советот на Општина Благоевград.

Во знак на почит кон хероите кои ги дале своите животи за слободата и националното обединување на Бугарија, Општина Благоевград организираше комеморативна програма.

Во 10:00 часот, во храмот „Воведение Богородично“, беше отслужена панихида за загинатите за верата и слободата на Бугарија. Потоа беа положени венци и свежо цвеќе пред Меморијалот „Делчев род“, во стариот дел на градот- квартот Вароша.

На комеморативните настани присуствуваа градоначалникот на Благоевград Методи Бајкушев и заменик-претседателот на Советот на Општина Благоевград Георги Иванов, кои им оддадоа почит на хероите што ги жртвувале своите животи во името на слободна Бугарија, стои во соопштението на Советот на Општина Благоевград.

Фотографии од настанот можете да погледнете на следниот линк.

Слични Објави