|

БОЛЕСТ НА ЛИЦЕМЕРИЕ СО ГОДИНИ НЕ УНИШТУВА КАКО НАЦИЈА, КОРОНА ВИРУСОТ МОЖЕ САМО ДА ГИ ИСПРАВИ НЕПРАВДИТЕ

Со изолацијата, социјалната дистанца и другите мерки кои ги воведуваат владите по светските искуства во справување со вирусот и СЗО, се случуи преобразба на потребите на луѓето. Се чини дека сега тие се рудицирани на елементарно ниво што сериозно го ослабнува и стопанството и приватниот сектор.
Со однос на мерките преку кои се забранува или ограничува работното време на најголем бројот од приватните претпријатија, сопствениците и работодавците имаат проблем да обезбедат прилив на средства и да исплатат плати за работниците.

Од друга страна буџетот е оптеретен од платите што треба да се доделат на административните работници. Поради очигледен дефицит на буџетот и силен економски удар што го предизвикаа последиците од мерките за справување со корона вирусот, владината политичка партија предложи намалување на платите на административците и тоа на минимална плата во износ од 14.500 ден. Овој износ се предвидува за сите вработени во администрацијата, со исклучок на оние што се на ангажирани во борбата за справување со корона вирусот. Но очигледното незадоволство на административните работници премина во јавен отпор, дискусија и несогласување, што беше причина да не се изгласа предлог – одлуката за кратење на платите.

Овој случај, уште еднаш ја потврди лицемерноста на административните работници, политичките партии, но и сопствениците на фирмите. Примеров потврдува дека од секоја криза најоштетени секогаш излегуваат обичните и општите работници. Административците не се подготвени да се солидаризираат ниту неколку месеци за општо добро и да примаат минимална плата подеднаква за сите како би го растеретиле буџетот и би спречиле економски колапс. Истите тие административци со ништо повеќе не ја заслужуваат високата плата која загарантирано им стигнува секој месец на нивните банкарски сметки од буџетот во однос на работниците во приватниот сектор. Ниту се административците најобразовани, ниту се најискусни, ниту се најкадарни, единствена предност е тоа што се добри улижувачи и партиски полтрони.

Најголем број од полтичарите своето лицемерие го покажаа со тоа што одлучија да гласаат против одлуката за кратење на платите и со тоа си обезбедија гласачи од габаритната и едноумна администрација. Во борбата за гласачи и потребата да ја докажат неагилноста на владеачката политичка партија се подготвени да ја ризикуваат македонската економија и благосостојбата на граѓаните по излезот од кризата.

(Целата колумна на Магдалена Стојмановиќ прочитајте ја на WWW.VERITAS.MK)

Слични Објави