„БОМБА“ ВО БЕЛГРАД: ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА БИВШ КАПИТЕН НА МИЛАН

Српскиот гигант Црвена Звезда се подготвува за продолжение од сезоната и се обидува да најде квалитетни засилувања, а денеска во српските медиуми се појави информација дека екипата од Белград ќе се обиде да го ангажира поранешниот капитен на Милан, Игнацио Абате.

Тренерот Дејан Станковиќ конечно контактирал некои свои познати луѓе во Италија за да обезбеди уште едно квалитетно засилување за Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ имаат проблеми на бековските позиции, а искусниот Абате изгледа како идеално решение во моментов. Инаку, тој нема клуб од минатото лето кога го напушти Милан.

Абате во текот на кариерата настапи 306 пат за „росонерите“, а играше уште и за Модена, Наполи, Емполи, Торино…

Извор: Спорт1