| |

БОМБАШКИ НАПАД ВРЗ УЧИЛИШТЕ ВО ПАКИСТАН: СЕДУМ ЗАГИНАТИ И НАЈМАЛКУ 70 ПОВРЕДЕНИ

Најмалку седум лица загинале при експлозија во религиозно училиште во Пакистанскиот град Пешавар. Меѓу загинатите има и деца.

Освен седумте починати, во болницата „Лејди Ридинг хоспитал“ се префрлени најмалку 70 повредени лица.

Како што изјави началникот на полицијата во Пешавар, Вакар Азим, експлозијата се случила за време на утринските предавања. Веднаш по експлозијата на лице место дошле службите за итни случаи и екипи за демонтирање бомби.

Според првочните полициски сознанија, експлозијата била предизвикана од направа во која имало пет до шест килограми експлозив.

Ова е најкрвавиот терористички напад врз цивили оваа година, по пукањето во Пакистанската берза во Карачи, што се случи во јуни.

По експлозијата, пакситанскиот премиер, Имран Кан, објави дека е длабоко потресен од случувањето.



Слични Објави