| |

Борисов: Пратениците на ГЕРБ ќе гласат за „зелено светло“ за РС Македонија и Албанија

Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав, дали ми веруваат да го поддржат предлогот, ако се одважи оној кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло за РСМ и Албанија, изјави лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов.

Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе отиде во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и истата не може да биде подобра, рече лидерот на ГЕРБ.

Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог. Тој појасни дека овој Протокол се уште не е потпишан.

Петков си дозволува да лаже во Брисел дека ГЕРБ му пречи, дека министерот на Слави Трифонов му пречи и дека тие што не се со него се мафија, рече Борисов. Не плашете се, дојдете во парламентот, му се обрати Борисов на Петков. Ова е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и ЕУ.

Ако имаме премиер да свика собраниска седница, ќе влеземе ние 59 пратеници на ГЕРБ, додаде Борисов. Да се ​​реши проблемот со РС Македонија пред гласањете, да не се срами Бугарија како мрачен субјект, нагласи Борисов.

Слични Објави