Браќа Македонци, имате ли достоинство?

//

Пишува: Георги Станков

Пред неколку вечери во Коридор 8 – еп. 29 зборувавме за тоа дека илјадници личности во револуционерното дело во Македонија се беспорни. Беспорни се, бидејќи се родени на територијата на Кнежеството Бугарија и се Бугари. Не се родени во Македонија, немаат корен од Македонија и по ниту еден критериум не можат да бидат наречени Македонци, ниту етнички, ниту географски.

Тоа ниту една комисија не може да го негира или да го одрече. Еден од бугарските херои, кои загинале за Македонија е Атанас Бабата- тракијски Бугарин од Пазарџик. Како и да го гледаме, Пазарџик (се уште) не се наоѓа во „етничките граници“ на Македонија.

Бабата е тракиец. Најлесното нешто што можеа да го направат македонското опшество и политичката елита 1000 пати досега, за да покажат желба за пријателство и добрососедство со нас, татарофашистите, беше да ги објават имињата и родните места на илјадниците македонски војводи и комити, родени во Бугарија. Да стават спомен-плочи на местата каде што погинале. Да им направат споменици-симболи на нашата заедничка борба и заедничка историја.



Тоа Македонците не ни го должат нам. Им го должат на загинатите јунаци, а го должат и на самите себе, ако веќе имаат претензии за некакво достоинство. По три седмици ќе ја одбележиме 114-тата годишнина од Битката на Ножот. Неколку десетици млади јунаци од Бугарија загинале таму, а нивните мајки засекогаш ги ставија на своите глави црните шамии. Честа ги задолжува Македонците да им оддадат почит на жртвите, такви какви што биле, без да ја премолчуваат вистината за нивното потекло.

Ја прочитав објавата на „Патриотскиот институт“ основан во партијата со пет букви и се присетувам како еден политичар повторуваше како папагал „јазикот“, „идентитетот“, „дигнитетот“ и се чудам, дали вие навистина имате достоинство? Знам дека имате „дигнитет“, но имате ли достоинство? Одговорот на ова реторичко прашење е јасен… А Атанас Бабата засекогаш ќе остане еден од нас.

Претходна статија

Бугарин славите, по Бугарија плукате!

Следна статија

(Видео) „Видливо и невидливо“: Како е да се биде Бугарин во Македонија?

Најново од Истакнато