| |

Брнабиќ: Нема да го признаеме Косово за да влеземе во ЕУ

Српската премиерка Ана Брнабиќ увери дека нејзината земја нема да го признае Косово,
само за да влезе во Европската унија, пренесува Танјуг. Говорејќи на прес-конференција со својот словенечки колега, Миро Черзар, во Брдо, на Крањ, Брнабиќ потсети дека претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, недвосмислено изјави дека Белград нема да биде задолжен да ја признае независноста на Косово за да стане член на заедницата.
“Она што го слушнавме за правно обврзувачкиот договор не е ништо ново, претходно слушнавме за него  од претседателот Вучиќ, за тоа зборуваше и министерката за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ”, истакна Брнабиќ.

Слични Објави