БРОШУРА ЗА ЦРКВИТЕ ОД IV до XIX ВЕК ВО РЕГИЈАТА – ПОДГОР ТЕТОВСКО
„Музејот на тетовски крај“ од Тетово, ја издаде брошурата ,,Црквите од IV до XIX век во Регијата – Подгор Тетовско …
Со брошурата, опфатени се 14 сакрални градби во Подгор, од средновековието до XIX век кога на овие простори, во време на преродбата, имало интензивна културна и градителска дејност.
Црквите во Подгор, кои се сочувани до денес, сведочат за приликите, условите и можностите во времето кога биле градени, за мајсторството на градителите и дострелот на зографите и иконопосците. Црквите во Подгор, се дел од големото културно и историско наследство на Македонија.
Брошурата, чиј автор е Јадранка Тренкоска е издадена со подршка на Министерството за култура.