„УКРАСИТЕ НА ВЛАШКАТА НАРОДНА НОСИЈА“ ИЗЛОЖБА ВО КУМАНОВО

Во Уметничката галерија во Куманово во тек е изложбата „Украсите на влашката народна носија“…

Во рамки на изложбата која ги претставува значајните моменти од животот на Власите, претставени се околу 70 амбиентално поставени предмети од влашката носија со посебен акцент на нејзино украсување.

Во колоритот на носијата преовладува црната и темно црвената боја, а нејзиното украсување и изработки се одликувале со висок степен на оригиналност. На носиите се истакнувале раскошните елементи испреплетени со гајтани и изработени со срма, надополнети со разни декорации и колани извезени со монистра.

Изложбата „Украсите на влашката носија“ ќе биде поставена до 25 мај.



Слични Објави