Брзата помош одбива повик, млад живот згаснува!
Насер Селмани
Пред три дена во населбата Скопје север се случило драма, во која младо лице изгубил живот.
Менаџер на маркет ми посведочи дека околу седум и пол навечер, излегол надвор да испуши цигара и одеднаш од зградите карши од балкон дете во паника и плачејќи барала помош, врескајќи викнете брза помош, ве молам!
Менаџерот веданш кренал телефон на бројот 194 за помош. За чудо, женски глас од брза помош од нејасни причини одбивала да прати амбулантна кола инсистирајќи самото семејство да бара помош!
Детето веројатно не знаело на кој број да се јави за да бара помош за таткото кој преживел срцев напад.
Брза помош доаѓа дури после еден саат, кога веќе е многу доцна. Констатирале смрт бидејќи пациентот не го преживеал нападот.
Како граѓанин се прашувам, дали ако жената од брза помош место да филозофира на телефон би пратила веднаш брза помош би спасила еден живот?
Министерството за здравство треба веднаш да покрене истрага за непрефорсиелно однесување на вработена од брзата помош!
На сликата јасно се гледа кога е повикана брзата помош и колку трае разговорот на менаџерот, во кој ги убедува да пратат амбулантно возило.
Човекот е подготвен да соработува со институциите за да се открие вистината!
Преку Телеком веројатно може да се најде разговорот за да се види точно зошто е одбиен позивот.
Овој случај покажува дека ни Брзата помош не е веќе тоа што треба да биде! Распад систем?!
Сега на потег е министерот за здравсто, Азир Алиу!

