БУЧКОВСКИ ВО БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК

…ИЛИ ШТО ГО ЧЕКА “МАГИОНИЧАРОТ“ НА СРЕДБАТА СО “ФАШИСТИТЕ“…

loading...

Веќе “сичко“ е јасно. Во време на најзатегнати односи на релацијата Скопје-Софија, за специјален пратеник на Македонија во Софија е именуван експремиерот на Македонија, Владо Бучковски. И не само тоа, тој оди во Софија кога таму немаме амбасадор во еден продолжителен период. Што очекува Софија, што очекуваме ние и што го чека Бучковски. Од овдешна позиција гледано, специјалниот пратеник ќе има „блиски средби“ со две базични личности за нашиот пат кон ЕУ, министерката за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов. Третата личност е бугарскиот новинар, публицист и поет Иван Николов. Додуша, со него веројатно нема да се сретне, ама неговата позиција изразена во авторскиот текст за агенцијата БГНЕС го изразува мислењето на поголемиот дел интелектуалци, па дури и обични луѓе, надвор од светот на високата политика. Тие три точки го сочинуваат фаталниот “Бермудски триаголник“ низ кој што Бучко треба да се протне и да се врати со некакви позитивни резултати, но некој (или некои) се потрудиле сериозно да му ја отежнат работата. Како и обично, тоа не се некои таму Бугари-Татари, туку наши Македонци, или поточно речено, познатите Македонци кои лажливо се претставуваат за Бугари, вечно седнати на две столици, цицајќи ги парите и енергијата од двете страни.

За Иван Никололов не би сакал многу да говорам, но топло препорачувам Бучковски неколкукратно да му ја прочита и проучи колумната во БГНЕС. Така најлесно ќе го запознае фронтот пред себе си и позициите на спротивната преговарачка страна. Тие позиции можат да бидат некако и видоизменети, но никако нема да бидат прескокнати, отфрлени или заборавени. Во контактите со со Екатерина Захариева нема да има никакви проблеми. Во неколку наврати сум кажал и напишал дека јас, кој одамна ги следам македонско-југословенско-бугарските односи, не сум сретнал по добар министер за надворешни работи на Бугарија. Чиста, јасна, конкретна и концизна, отсекогаш опстојувала на тезата за постоење македонска нација, јазик и идентитет од клучната дата 2 август 1944 година па наваму, се до денешен ден. Сето друга е минато и припаѓа на нашите бугарски предци, кои се наши предци и генетски и етнички…барем на поголемиот дел од нас, Македонците. На оние другите, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и другите, не им се мешаме во идентитетот и јазикот, и најдобро би било и тие да не се мешаат во македонските “идентитетски“ прашања…сепак, едно е да си државјанин, а нешто друго да си етнички определен. Конечно останува третиот, кај нас омразениот “националист, агент, фашист“ и не знам што уште не, Красимир Каракачанов. Ако Бучковски ја добиеше оваа мисија пред едно десетина месеци, мислам дека најдобро ќе се разбереше со Каракачанов и неговата мисија од него ќе ја добиеше најголемата, секако во разумни граници, поддршка. Сега веќе не е така. Зошто? Се сеќавате ли на оној вмровски реформатор Патар Богојевски кој само неколку недели пред изборите кај нас трубеше наоколу како “ние и бугарите сме браќа, дека едно исто е да си бугарин и македонец, како треба взаемно да се признаеме“ и слични други белосветски глупости. Е па тој со неговите глупости начисто го окупира медиумскиот простор во Бугарија, гостуваше на речи си сите нивни поважни телевизии, а редакциите на престижни весници и портали се тепаа за неговите колумни. Истиот тој влегуваше во Министерството на одбрана во Софија како во свој дом и без пречки разговараше со министерот Каракачанов, секогаш добредојден кај него и поддржан во своите напори за медиумско себепромовирање. По враќањето во Македонија истиот тој Богојевски изнесе еден куп обвиненија против Бугарија и бугарскиот народ нарекувајќи ги со најнавредливи имиња со кои дури ни великогрчката кампања против Бугарите од средината на 19. век па се до денес не се осмелила да ги нарече. Не знам што мисли Каракачанов за овој несреќен реформатор на ВМРО, но Мицковски добро го проценил и експресно го оддалечил од својата близина. Не знам дали Мицкоски знае, но ако не знае да му кажам: Со Указ на Председателот на Република Бугарија, број 30 од 27.03.2003 година Петар Богојески е прогласен за бугарски државјанин, по основ на своето бугарско етничко потекло. Даден му е и бугарски матичен број (трите последни цифри 927) кој го има на неговите документи, но најважно во документите е неговата адреса. Пријавен е дека живее во Софија, на улица “Искар“ бр. 6. Тоа беше (сега на тоа место со тој број има нова зграда) една стара зграда на четири ката, сопственост на ВМРО СМД, во неа имаат живеено и Каракачанов, и пратеникот од ВМРО Евгени Еков, а таму сум одел и јас и сум престојувал. Тоа беше нешто како вториот дом на Кракачанов. Е па, да му одиш на човекот на гости дома, да ти дозволи да ја ползуваш неговата адресна регистрација како твоја, да му одиш на работното место, па потоа да ги кажеш сите оние гнасотилаци против бугарскиот народ, е, тоа навистина е надвор од секаков морал. Згора на сето си потпишал изјава дека се чувствуваш Бугарин, па дека такви биле и твоите предци…си доставил и документи. Сето тоа е фино и уредно средено во неговото лично досие за придобивање на “б’лгарско гражданство“.

Ете така, еден белосветски пробисвет, подржан од некои македонско-бугарски организации, успеа да му ги затвори вратите на Бучковски. Веќе нема да има топол братски пречек, загубена е срдечноста, а прелаганите политичари и некои од “великите“ редактори на весници или телевизии, острицата на својот гнев ќе ја насочат кон Бучко, кој сосема незаслужено ќе се судри со одиумот на прелаганите бугарски функционери. Ветото останува сигурно, датум за преговори на 8 декември нема да има, процесот ќе се одолговлекува се до средината на идната година кога конечно ќе се стабилизира власта во Бугарија. Што ќе говори таму Бучковски? Ако мисли да им каже дека македонскиот јазик се говорел пред 300.000 години во Индонезија, или дека браќата Кирил и Методиј ја напишале македонската азбука, или дека нашиот тандем Бошески-Тентов го расчитале Каменот од Розета и дека третото, демотското писмо е де факто македонско писмо, тогаш ништо нека не зборува. Нека не им кажува нити дека сме браќа, нема да му веруваат. Такви нешта Богојевски им ги кажувал секогаш, за потоа да ја смени лентата.



loading...

Да не се лажеме, како и да завршат изборите, Каракачанов ќе биде неодминлив елемент во нашите взаемни односи. Штета ќе биде ако ја нема Захариева, таа е таму “гласот на разумот“, наспроти некогаш ирационалниот сентимент на Каракачанов кон Македонија. Сепак препорачувам, дружбата да му биде со него. Ако еден провинцијален политичар како Богојески, успеал кај еден политичар од рангот на Каракачанов, тогаш Бучковски со целиот свој капацитет, сигурно ќе успее барем нешто да направи за подобрувањето на односите. Кај Каракачанов уште има сентимент кој може да се насочи во наша полза.

Да, таму ќе бидат и познатите соросоиди како Чавдар Маринов, Дечев, Бечев и сличните на нив и овде во Македонија, но нивната помош сега е само трагичен напор да се задржи статусквото на Балканот. Русија и Србија се творци на денешната, ваква Македонија и денес треба да си руски агент за да подржуваш држава со вакви историски перформанси да влезе во ЕУ. Сето друго се само патриотарски приказни, насочени и против Македонија и против Бугарија. Бучковски самиот кажа дека не е магионичар, но треба да разбере дека и неговите домаќини и пријатели, како што тој вели, не се фашисти. Тоа е добар почеток, и за нив, а најмногу за нас.

Автор: Владимир Перев