Во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска, 10 мај, во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Агрон Салиу …
Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 25 дела во кои, според критиката, во центарот на интересот на креативноста на овој уметник е човекот со карактеристики и духовни финеси кои се одразуваат во лицето и каде, преку очите, мимиките и знаците, се рефлектира внатрешниот свет на човекот.
Тие ги опфаќаат и ги овековечуваат духовните реакции што не ги гледа и не ги забележува окото на обичниот минувач.
Агрон Салиу е роден во 1984 година вo Teтoвo. Дипломирал нa Тeтoвскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Беќири.
Учествувал на повеќе самостојни и групни изложби, проекти, активности во културата, во земјава и странство. Самостојни изложби уметникот реализирал во Сараево, Подгорица, Виена, Берлин, Париз, Кичево, Скопје и Тетово, Куманово, а учествувал и на повеќе групни изложби во Гостивар, Тетово, Скопје, Сараево и други градови, проекти активности во културата во земјава и странство.
Изложбата во Прилеп ќе трае до 17 мај.