| |

Бугарија четврта година по ред ќе учествува на Европскиот ден на јазиците во Токио

Бугарија четврта година по ред ќе учествува на Европскиот ден на јазиците во Токио, кој ќе се одржи на 27 септември, од 11:00 до 16:30 часот по локално време, на трговската улица „Хироо“, соопшти бугарската Амбасада во Токио, пренесува БТА.

Дипломатското претставништво ќе ги претстави бугарскиот јазик и култура преку повеќе јазични и културни активности. Посетителите ќе можат да се запознаат со бугарската азбука и да ги напишат своите имиња на кирилица.

Од 13:30 часот е предвидено предавање за Бугарија, нејзината историја и култура. Европскиот ден на јазиците е посветен на јазичната и културната разновидност на Европа, наведуваат од Амбасадата.

Слични Објави