| |

Бугарија ја претставува првата поштенска марка за 2026: „Бугарија во еврозоната“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија Гроздан Караџов и министерката за финансии Теменужка Петкова денеска ќе ја валидираат првата поштенска марка за 2026 година, со тема „Бугарија во еврозоната“.

Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека станува збор за најочекуваното издание меѓу колекционерите, бидејќи повлекувањето на левот како државна валута „затвора еден колекционерски циклус со повеќе од 140-годишна историја и отвора нов“.

„Ова за Бугарија се случува по втор пат – по крајот на 19 век, кога филателните изданија почнаа да се продаваат во левови, наместо во сантими“, соопштија од министерството.

Слични Објави