Бугарија ќе ја поддржи пред ЕУ забрзаната изградба на железничката инфраструктура долж Коридорот 8 во Северна Македонија

/

Бугарија ќе го поддржи пред Европската Унија забрзувањето на изградбата на железничката инфраструктура долж Коридорот 8 на територијата на Република Северна Македонија. Ова го изјави заменик-министерот за транспорт и врски Красимир Папукчијски на средба со генералните директори и раководителите на инфраструктурите на двете земји, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски од Бугарија, пренесува БТА.

„Коридорот VIII е од стратешко значење не само за Европската Унија, туку и за развојот на целиот балкански регион. Оваа транспортна врска ќе даде можност да се зголеми товарниот проток од пристаништата Варна и Бургас преку Северна Македонија, правец Драч кон Европа. Ова значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу двете земји“, рече Красимир Папукчијски, цитиран во соопштението.

Заменик министерот ја истакна желбата на Бугарија да обезбеди стручна и методска помош на специјалистите на РСМ во подготовката на предпроектните студии, како и во управувањето со проектите за модернизација на железничката инфраструктура, финансирани со европски средства.

Красимир Папукчииски истакна дека, покрај изградбата на железничката инфраструктура, важен елемент за поврзување во правец север-југ и исток-запад е изградбата на интермодални терминали.

„Националното претпријатие за железничка инфраструктура до крајот на оваа година ќе започне постапка за изградба на интермодален терминал во Русе, согласно Планот за закрепнување и одржливост“, најави Папукчијски. Тој додаде дека според експертската проценка, ефикасноста на транспортниот систем во Северна Македонија значително ќе се зголеми доколку се направат напори за изградба на дополнителна инфраструктура за опслужување на интермодалниот транспорт долж главните железнички линии.

За време на разговорите се разговараше за развојните фази на проектот за тунел Деве Баир, како и за можностите за дополнително финансирање.



На 14 септември годинава Министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Благој Бочварски, при посетата на Струмица, изјави дека избраните изведувачи за првите две од трите делници на железничката пруга што треба да ги поврзат двете земји (Куманово-Белјаковце и Белјаковце-Крива Паланка) веќе ги мобилизираат своите стручни тимови и опрема за да започнат со работа на терен.

„Македонски Железници Инфраструктура“ на крајот на јули годинава потпиша договор со австриската компанија „Штрабаг“ која треба да ги заврши работите за реконструкција и доизградба на првата делница од трасата, како и со турската „Ѓулермак “ за целосна изградба на втората делница. До крајот на годинава мора да се распише тендер за избор на изведувач на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија.



Претходна статија

Асоцијацијата на балкански новински агенции-Југоисточна Европа сега е регистрирана во Централен регистар

Следна статија

МНР апелира на зрело и достоинствено однесување по најавите за отворање ново граѓанско здружение во Охрид

Најново од Вести