Бугарија ќе учествува на Европскиот фестивал на културното наследство во Велика Британија
Бугарија ќе биде претставена на Европскиот фестивал на културното наследство, кој ќе се одржи во Питерборо, Велика Британија.
Амбасадата на Бугарија и иницијативата „Малата Бугарија“ ги повикуваат Бугарите во Обединетото кралство да присуствуваат и да уживаат во богатата програма – фолклорни настапи, занаети, уметност, базар со рачно изработени носии и традиционална кујна од различните народи.
„За првпат заедниците од Бугарија, Грција, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Литванија, Латвија и други ќе се соберат заедно за да го прослават нашето заедничко наследство! Облечете национална носија, везена кошула или аксесоар инспириран од фолклорот и приклучете се на фестивалот!“, порачаа организаторите.
Настанот ќе се одржи во недела, на 14 септември 2025 година, од 11:00 до 17:00 часот, во Stanley Park, Peterborough, PE1 1SZ.
За пријавување на изведувачи достапен е е-маилот: [email protected], а за учество на базарот: [email protected].

